Достапни линкови

Москва: Весникот Новаја Газета во обид за расветлување на убиството на новинарката Ана Политковскаја


Рускиот весник Новаја Газета понуди награда од речиси милион долари за пронаоѓање на убиецот на новинарката Ана Политковскаја, која беше застрелана во саботата. Весникот започнал и сопствена истрага за убиството, а на денешната насловна страница пишува дека се додека постои Новаја Газета, убијците нема да спијат мирно. Политковскаја подготвувала напис за тортурите во Чеченија.
XS
SM
MD
LG