Достапни линкови

Тбилиси: Забрана за слетување на руски карго авиони во Грузија


Грузискиот претседател Михаел Саакашвили изјави дека на аеродромот во Тбилиси веќе нема да биде одобрувано слетување на руски карго авиони со депортирани грузијци од Русија. Пред неколку дена Русија депортираше над 130 грузијци со образложение дека илегално престојувале во земјата. Саакашвили изјави и дека е подготвен во секое време да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за надминување на меѓусебната криза.
XS
SM
MD
LG