Достапни линкови

Вилијам Дан, претседател на американската стопанска комора во Македонија. Проблемот на Македонија е во перцепцијата


Господине Дан, една од целите на комората во земјава е да воспостави врска помеѓу македонските и американските компании, врска од која што би можело да произлезе натамошна бизнис соработка. Како во мометот би ја опишале соработката помеѓу двете страни?

Во последната година, година и пол претпоставувам, четири големи американски компании дојдоа во Македонија. Едната е Мајкрософт и скоро знаат за неа, другата е Оракл, тоа е нешто ново, потоа Џонсон контролс и Хјулит Пакард. Има и помали компании од Питсбург, компании за трговија кои се тука веќе некое време. Но поголемите се тие четирите. Она што сакам да го потенцирам е дека присуството
на американските комапании во Македонија е скоро рамнодушно, што значи дека се многу, многу мали странските инвестиции од американските компании овде во Македонија и тие воопшто не се споредуваат со Србија, Црна Гора, Словенија и Бугарија, Германија или Швајцарија. Досега вкупните инвестиции од американски компании во Македонија се многу мали.

Што во таа насока треба да се направи за да се подобри таквата соработка?

Прво, мислам дека има работи што беа направени за да се олесни инвестирањето на американските компании тука, како и соработката со овие компании. Едната работа е реформите во системот за регистрација и таканаречениот едношалтерски систем. Мислам дека тоа е важен но мал развој во намалувањето на времето што е потребно да се регистрира фирма и намалување на бирократијата и бирократските барања. Тоа се работи кои не зависат од тоа што Американците или другите мислат за Македонија, тоа се помалку или повеќе објективните услови во земјата. Но има и субјективна страна и мислам дека тука лежи проблемот.
Македонија се уште се перцепира како земја која е слична на Босна и Херцеговина или Косово. Еве и една приказна... Пред неколку години седев во Питсбург со еден мој пријател и бизнис партнер, кој ме праша дали да инвестира во Македонија. Беше заинтересиран за метали, руда, железо, Фени.. јас му реков дека Македонија е добро место за инвестирање и запомни дека сите споменати конфликти не се во југоисточниот дел на Македонија и ако инвестираш во тој дел, релативно си сигурен. Но тогаш рече, Вил чекај и се јави во секторот за стопанство во Вашингтон и побара експерт за Југоиcточна Европа и Македонија.
И кажа на жената дека е заинтересиран да инвестира во Македонија. А, таа му одговори, Господине Хелсо, не сакате да го направите тоа. Македонија е веднаш до Косово и вие знате што се случува таму. Ужасно е нестабилно. Тогаш ме погледна и рече-дали си сигурен дека тоа е добро место за инветирање и пак му одговорив да, сигурен сум. Ете гледате тоа е субјективната страна и тука лежат повеќето проблеми. Зошто на пример, стапката на инвестиции во Србија е многу многу висока, а Србија е секако помалку стабилна од Македонија во последните 3, 4 години и повеќе. Едната причина е што Македонија е перцепирана како помалку стабилна, другата причина е поголемиот пазар и побарувања во Србија, но мислам дека тоа не е објаснување, вистинската причина е перцепцијата на Македонија.

Како да се поправи лошиот имиџ на Македонија за кој зборувате? Дали Американската комора прави нешто во таа насока?

Она што се обидуваме да го направиме сега е да обезбедиме повеќе и подобри услуги за нашите членови. Некои од нив се поврзани со комуникациите, односите со јавност и градење на имиџот. Покрај новите услуги кои ги зацртавме следниот период е тоа што ќе се обидеме да ги поврзуваме американските бизнисмени со македонските директно преку видео конференциска врска. Имаме план за следниве шест недели, ќе поврзаме еден голем американски
бизнисмен, се уште нема да кажам кој, но ќе го поврзаме со македонската комора и нејзините членови преку таква видео врска. Причината поради која тоа го правиме на таков начин, а не преку доаѓање на него тука или испраќање на делегација таму, е што е многу поефтино и поефикасно зошто во ваков случај има директен контакт со лицето очи в очи. Значи тоа е еден вид на услуги кои ќе овозможат да се справиме со субјелтивната страна, со проблемот со лошиот имиџ на земјата.
Другиот вид е...дозволете ми да бидам искрен, имавме делегации од Македонија, трговски, бизнис делегации кои заминуваа периоднично во Соединетите Држави.
Мислам дека не беа многу ефективни. Има две причини за тоа. Има премногу мешање на политика и бизнис во тие делегации,никогаш не е јасно дали тоа е патување кое ќе и донесе придобивки на владата, оваа или која било или ќе донесе бенефит на бизнисот.

Господине Дан, повеќето стопанственици неучеството на македонските производи на странските пазари го препишуваат на нивната неконкурентност. Што мислите вие за тоа?

Во текот на годините, забележав најмалку два мита за Македонија. Едниот е дека земјоделството е многу силно во Македонија и ќе биде способно да произведува и извезува земјоделски производи и тоа е навистина профитабилна област. Но не повеќе, не со ЕУ, растот на ЕУ, и другите трговски релации кои го вклучувааат
земјоделството. Второ металургијата. Фероникел, Хром, Злетово, Саса итн.
Не, тие навистина не и носат бенефит на Македонија. Надвор од земјата Македонија е прилично роб на меѓународниот пазар и лондонската берза на метали и јас исто така работев во оваа област. Тие се производи кои не се конкуртентни.

Кои наши производи се интересни за странските пазари?

Областите кои се силно конкурентни се, прво виното. Има одлични македонски вина, не се само Бовин или Сковин, туку и новите линии на Тиквеш кои се прилично конкурентни надвор, и во Европа , а ќе бидат и во Соеднинетите Држави. Има и некои активности кои американската комора ги презема за да се олесни влезот на некои американски винопроизведувачи овде и да се поврзаат со македонските. Втората област се сирењата, секакви видови на сирења, се од фета сирење до кашкавал и други специјалитети. Трето најверојатно јагнешкото месо, четврто туризмот секако. И мораме да ја запаметиме врската помеѓу туризмот, сирењето, виното, јагнешкото.Таа е многу важна. Ете, тоа се конкуренти области.

Според тоа што досега го кажавте може да заклучиме дека напредок во економскиот развој на Македонија има, но факт е и дека бизнис климата е се уште на незавидно ниво. Кои се конкретните чекори што треба да се преземат за да се подобри таквата клима?

Најпрво, мислам дека Американската стопанска комора може да помогне во насока на идентификување на клучните односи со јавноста и меѓународните комуникации
на компаниите. Тоа е бизнис трансакција, фирмите мора да заработуваат пари. Мислам дека на Македонија и треба повеќе внимание во таа област. Второто е во областа на софтверот и развој на веб-страниците на македонските ндустрии. Светот функционира преку веб-страниците и електронската пошта. На Македонија и треба повеќе развој во таа насока. Американската комора планира да организира работилници за тоа како да се направат веб-страници, како да се подготват соопштенија за јавноста, рекламни кампањи итн. Имаме можност да го направиме тоа во нашите канцеларии, да овозможиме совети и конкретна помош околу тоа.

Од 1 јануари 2007 година, Бугарија и Романија ќе бидат примени во Европската Унија. Според вас дали македонската економија е блиску до напредокот што го постигнаа овие две земји?

Мене ми се чини дека Македонија е на исто ниво, а во некои случаи и подалеку од степенот на корупција во Бугарија и некои делови на Роаманија. И еве повторно ја имаме објективната страна наспроти субјективната перцепција. Мора да запомнеме дека Романија е источното крило на НАТО. И не верувам дека ако Романија беше позападно ќе станеше ЕУ воопшто. Значи што се однесува до Бугарија и Романија, тука е земена предвид геополитичката положба. Не верувам дека дискусиите за членство на Македонија во Европската Унија, односно преговорите ќе почнат оваа година, можеби но, јас претпоставувам дека ќе биде 2008 година, ќе потрае.
НАТО е друго прашање. Членството во НАТО ќе биде условено од спроведувањето на многу реформи, како што се реформите во полицијата и други од Охридскиот рамковен договор. Некои од овие работи треба да се завршат со цел да се овозможи патот кон влез во НАТО и Европската Унија. Една од моите омилени теми се реформите во јавната администрација. Ми се чини дека напорите во оваа област и во регионот и во Македонија не се многу сериозни. Има доволно пари за реформи во јавната администрација, очигледно парите се трошат. Но контролата околу тоа како се трошат тие пари и дефинирање на проблемите околу реформите во јавната администрација во Македонија, е многу слаба во овој момент. Особено кога станува збор за парите на ЕУ, на Соединтеите држави или на други држави исто така. Знаете, не е добро да има прилив на пари за реформите во оваа или друга област, ако Македонците немаат контрола за проблемот и тоа што ќе се постигне. Што е со реформите во локалната самоуправа, што ќе се постигне со нив, што со системот за данок на имот...тоа се работи што неможе да ги оставите на странците, тоа е нешто што морате сами да го направите.
XS
SM
MD
LG