Достапни линкови

Тбилиси: Русија употребува расистичка реторика кон грузијците, изјави Михаил Саакашвили


Грузискиот претседател Михаил Саакашвили во интервју за Фигаро предупреди дека Русија има расистичка реторика кон грузијците, која претходно била употребувана и кон Чеченците. Русија и покрај ослободувањето на 4 руски офицери, и натаму ги блокира транспортот и комуникациите кон Грузија. Депортирани се 130 грузијци, запрено е издавањето визи, а руската полицијата влезе во повеќе ресторани поседувани од грузијци.
XS
SM
MD
LG