Достапни линкови

Намерата е справување со дефицитот од бизнис менаџери


Русија планира до 2009 година да отвори престижно бизнис училиште кое ќе продуцира врвни бизнис менаџери. Според основачите, тоа е руски одговор на американскиот Харвард и францускиот ИНСЕАД.

Камен темелникот на бизнис училиштето во Сколково – Москва лично го постави претседателот Владимир Путин во септември годинава. Човекот кој финансиски стои зад проектот банкарот Рубен Варданијан вели дека ова училиште ќе и помогне на Русија да се справи со дефицитот на високо образовани бизнис менаџери. Имено, само тројца од 100 илјади руси имаат МБА диплома односно Мастер оф Бизнис Администрејшн. Во Америка тој однос е 70 МБА на 100 илјади американци. Ерик Краус менаџер од московскиот Никитски фонд вели.

„Немаше бизнис образование вооопшто во Советскиот Сојуз. Русите имаат извонредни квантитативни аналитички способности, но мало искуство во водењето бизнис. Досега секој што сакал да добие МБА морал да отиде во странство.“

38 годишниот Варданијан кој ја води руската брокерска фирма Тројка дијалог ќе биде преседател на училиштето. Некои од руските бизнис тајкуни, меѓу кои познатиот Роман Абрамовиќ нафташ и сопственик на Челзи, и Алексеј Мордашов магнат во челичната индустрија од сопствените џепови ќе издвојат околу 300 милиони долари за овој проект. Меѓу 14 те спонзори се и индиската инвестициона компанија Сан груп и Англо – руската нафтена фирма ТНК – БП. Бизнисмените кои стојат зад проектот очекуваат првите студенти да се запишат во 2009. Основачите сметаат и дека кандидати за ова руско бизнис училиште ќе бидат и студенти од растечките пазари во Кина, Индија и Бразил а Русија тоа ќе го потикнува и преку на размена на студенти. 18 месечната МБА програма нема да биде ефтина. Ќе чини 50 илјади долари, но ќе се нудат разни школарини, кредити и награди за студентите.
XS
SM
MD
LG