Достапни линкови

Косовската кампања за независност може да биде претходница за Јужна Осетија и Абхазија


Евро комесарот за надворешна политика Хавиер Солана вчера изјави дека Косовската кампања за независност може да биде претходница за Грузиските републики Јужна Осетија и Абхазија. Солана во комитетот за надворешни работи на Унијата рече и дека ЕУ не може да исполни барањето на Грузија за мировници, но дека Брисел се обидува да изгради доверба меѓу Москва и Тбилиси.

Хавиер Солана во комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент изјави дека во неодамнешниот телефонски разговор Грузискиот Претседател Михаил Саакашвили признал дека е многу загрижен околу можните последици врз Грузија од разговорите за статусот на Косово. Косово, српска провинција со два милона претежно етнички албанци, бара независност, а Белград се спротивставува. Меѓународните преговарачи изгледа дека процесот го водат кон евентуална независност. Евро комесарот за надворешна политика Хавиер Солана вчера изјави дека и тој смета дека е можно Косовската кампања за независност да има негативни ефекти врз територијалниот интегритет на Грузија, односно статусот на Косово да биде претходница за грузиските републики Јужна Осетија и Абхазија.

„Ние сме во стапица тука. Претседателот Саакашвили е во стапица, сите сме во стапица на двојниот механизам, кој за едни може да е добар, а за други да не е. Тоа можеби не е целосно добитна ситуација, но треба да бидеме способни да побараме добитна комбинација. Но тоа нема да биде лесно.“

Соединетите Држави и Европската Унија очекуваат Косово да стане независно. Русија предупреди дека ако тоа се случи, ќе притисне за одвојување на Јужна Осетија и Абхазија од Грузија. Тензиите меѓу Москва и Тбилиси се високи по случајот со руските воени офицери обвинети за шпионажа од страна на Грузија. Москва ги блокира сите транспортни и поштенски линии кон Грузија.Солана рече дека и самиот е загрижен за начинот на кој грузискиот претседател е загрижен, но не даде детали, освен дека Саакашвили се жали на форматот на преговорите околу Јужна Осетија. Европската Унија, рече Солана, ќе продолжи да го подржува тероторијалниот интегритет на Грузија, но дека европски мировници, можеби не се најдоброто решение за Грузија.

„Мислам, во моментов треба да видиме што е најдобро за безбедноста на Грузија. Можеби тоа не се мировници. Можеби тоа е нешто друго.“

Солана не прецизираше која би била алтернативата, освен дека ЕУ ќе ги продолжи разговорите со Русија и Грузија.
XS
SM
MD
LG