Достапни линкови

Газа: Осум лица загинаа во судири на палестински фракции


Oсум лица загинаа а десетици беа повредени во судирите меѓу ривалски палестински фракции во Газа. Станува збор за најголеми судири досега поради несплатените плати и во време на застој во преговорите за единствена влада. Палестинскиот премиер од редовите на владеачкиот Хамас Исмаил Ханија повика на запирање на насилствата, додека Претседателот Махмуд Абаз побара одговорните да бидат казнети.
XS
SM
MD
LG