Достапни линкови

Компаниите бараат дополнителни квалификации, мастер дипломи и јазични вештини


Јас сум високо образован но никој не ме вработува. Ова се почесто го велат младите европејци деновиве. Пред 20 години, според истражувањата факултетската диплома речиси автоматски значеше вработување во компаниите. Денес се бараат дополнителни квалификации, мастер дипломи, јазичини вештини. Такви се ,велат, новите трендови.

Лицата со обични универзитетски дипломи се уште се среќна групација во ЕУ, бидејки статистиката покажува оти од нив е невработени само 4 проценти, или, со други зборови четири од сто не се редовно вработени. Во таква состојба е Андреас Донут од Германија. Има 29 години завршил Социологија, Меркетинг и психологија на рекламирање и информатика. Тезата на која дипломирал била за голема електронска компанија. Се надевал на брзо вработување, ама се уште работи краткорочни работи, како слободен стрелец, неплатени интерншипи и така натаму.

„10 месеци работев за една мала компанија. Тоа беше ограничен договор. Потоа барав работа и работев како слободен стрелец. Следниот месец ке земем друг интерншип. Имам неколку понуди за таква бесплатна работа. И следната година ке одам за Беркли на дополнителни студии.“

Причината поради која Андреас Донут се уште бара работа е тоа што на пазарот се бараат се повече и повеќе дополнителни вештини. Дипломата веке не е доволна.

„Има многу трендови. Се случува компаниите да бараат повеќе вештини. Тие на пример повеке би вработиле ако кандидатот има мастер диплома од разните видови или тренинг како Бачелор на пример.“

вели Ливиу Матеи од Централно европскиот универзитет во Будимпешта. Тоа е трендот и за новите генерации и ЕУ се обидува да ја подигне свеста меѓу студентите за иднината, за проблемите со кои можат да се соочат.

„Јасно е дека што подобро се луѓето образовани и имаат по практично искуство кое можат да го добијат и за време на студиите, ги зголемуваат шансите за работа, бидејки одговараат на потребите на компаниите.“

вели Катарина вон Шунурбеин европски комесар за социјални прашања и вработување.
XS
SM
MD
LG