Достапни линкови

logo-print

Сараево: Општи избори во БИХ


Над 2,7 милиони граѓани на Босна и Херцеговина денеска гласаат на општи избори на кои треба да изберат членови на колективното претседателството, и пратеници во државниот Парламент и во собранијата на двата ентитети - федерацијата Босна и Херцеговина и Република Српска. Во исто време ќе се избираaт и лидери на двата ентитети. На овие петти општи избори по завршувањето на војната во Босна во 1995 година, учествуваат околу 7 илјади кандидати за пратеници од 36 партии и осум коалиции, како и 12 кандидати поддржани од групи граѓани. Се проценува дека овие избори во Босна досега се најважни бидејки новоизбраните претставници сами ке ги донесуваат одлуките поради најавите за повлекување на Канцеларијата на високиот претставник од земјата наредната година.
XS
SM
MD
LG