Достапни линкови

logo-print

Националното прашање главно во пораките на политичарите


Во Босна и Херцеговина се е подготвено за утрешните општи избори, кои според оценките се најважните од завршувањето на тамошната војна. Имено, од идната година треба да биде укината институцијата Меѓународен висок претставник за Босна и одговорноста за земјата да ја преземат домашните политичари. Но, и овој пат главно место во нивните пораките беше националното прашање.

Во изборите во Босна и Херцеговина учествуваат триесет и шест политички партии, осум коалиции и дванаесет независни кандидат. Триесет насто од нив немаат понудено изборни програми, велат Адис Араповиќ и Срѓан Благовчанин од невладиниот сектор:

„Значи излегоа пред своите избирачи со пароли и реторика, без никаков пишан документ. Тоа најчесто се конструкции како повеќе работа и повеќе правда. “

„Овие партии кои немаат програма, освен желбата за власт немаат никаква визија што би направиле откако ќе дојдат на власт. “


Велат Араповиќ и Благовчанин кои додаваат дека националното имаше приоритет во сите видови на партиската кампања, а особено на митинзите. Тоа го потврдува и аналитичарот од Бања Лука Иван Шијаковиќ

„Во кампањата повеќе се одеше на емотивната отколку на рационалната страна. Тоа е една од проверените варијанти на овие простори.“

Од меѓународните организации главно пристигнуваат предупредувања дека станува збор за најважните избори во Босна и Херзцеговина, бидејќи земјата кон средината на идната година ќе остане без Уредот на високиот претставник

„В недела вие ќе ги избирате оние што че ја водат земјата по заминувањето на вискиот претставник. Дали тие ќе бидат добри одлуки што ќе водат кон просперитет или лоши кои ќе го продолжат периодот на сиромаштија, криминал и корупција, зависи од одговорноста на гласачите.“

Порача Лоренс Батлер, заменик на високиот претставник Кристијан Шварц Шилинг. За тоа пак до каде оделе биле политичарите за време на изборната кампања најдобро покажува примерот со лидерот на Сојузот на социјалдемократите Милорад Додик кој пораката до своите избирачи им ја упати низ песна.
XS
SM
MD
LG