Достапни линкови

За законот за полиција нема да се гласа според Бадинтер


Законот за полиција нема да се гласа со Бадентерово мнозинство, ја разреши дилемата собранискиот комитет за односи меѓу заедниците, на денот на расправата во Собранието по предлог текстот на овој закон. Освен ова прашање за што имаше различни размислувања, меѓу политичките партии сеуште неединство во однос на текстот на законот. Демократската Унија за интеграција која изминатиов период силно инистираше законот да биде донесен по Бадентер, останува на барањето текстот на законот да биде променет. Тие бараат намалување на работното искуство на началниците кои ќе раководат со Секторите за внатрешни работи кои согласно законот ќе се формираат во осум региони во државава, а за кои според сегашната верзија е предвидено да имаат 12 годишно работно искуство. За нив се проблематични и некои од регионите во кои треба да бидат формирани Секторите за внатрешни работи. Рафиз Алити, од ДУИ изјавува.

„Покрај тоа скратувањето на началниците и командирите, што треба да се скрати од 12 на 6, и од 6 на 3. Останува наше барање и регионалниот сектор за погранична полиција да биде во Кичево и Струга.“

Расположение за одредени амандмански промени во оваа насока, пројавуваат и во владеачките партии ДПА и ВМРО ДПМНЕ.

„Тие предлози за некои промени во неколку членови ќе бидат и дел од предлогот што ќе го поднесе владата и мислам дека ќе имаме договор меѓу партиите.“
„Сакаме да постигнеме соодветна и правична застапеност,“


изјавуваат Гариб Каба од ДПА и Трајко Вељановски од ВМРО ДПМНЕ. По најавата од власта дека амандмандмански ќе интервенира за одредени корекции во законот за полиција околу стажот на началниците и промена на еден регионален сектор, подршката околу неговото донесување ја проблематизираат во опозиционата коалиција За Македонија заедно, во чие време беше изготвен сегашниот предлог текст на Законот за полиција. Есад Рахиќ од СДСМ изјавува:

„Во минута до 12 се менува текстот и малку посериозно се менува,“

вели Рахиќ.

Инаку законот кој е еден од најбитните реформски процеси во земјава, во насока на нашите евроатлантски интеграции треба да придонесе за Доближување на полицијата до граѓаните.
XS
SM
MD
LG