Достапни линкови

Порторож: Завршува состанокот на министрите за одбрана на НАТО


Во Порторож денеска завршува состанокот на министрите за одбрана на НАТО со разговор за долгорочната визија на алијансата во контекст на одбранбената и политичката тарнсформација. Пред се ќе стане збор за постигнување оперативни капацитети на силите за брза интервенција. Ќе биде одржан и состанок на Советот Нато – Русија на кој ќе учествува и рускиот министер Сергеј Иванов. НАТО минатата недела ја налути Москва со намерата за подлабока соработка со Грузија, но заменик генералниот секретар Џон Колстон изјави дека сојузниците не си преставуваат закана.
XS
SM
MD
LG