Достапни линкови

logo-print

Подгорица: Доналд Рамсфелд во посета на Црна Гора


Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд денеска во Подгорица ќе се состане со Црногорското раководство. Според најавите, ќе се разговара за регионалната безбедност, косовското прашање и подготовките на Црна Гора за прием во Партнерството за мир. Расмелд од Подгорица ќе отпатува за Тирана каде што денеска започнува дводневната конференција на министрите за одбрана на Процесот за одбранбена соработка во Југоисточна Европа на кој учествува и македонскиот министер Лазе Еленовски. На состанокот ќе бидат разгледани натамошните насоки на дејствување, буџетот на Бригадата Сеебриг, годишен план за вежби обука и патувања.
XS
SM
MD
LG