Достапни линкови

Се очекува ЕК да постави рокови за исполнување на реформите на двете земји


Европската Комисија се очекува денеска да им даде зелено светло на Романија и Бугарија да станат членки на ЕУ од 1 јануари 2007 година. Според дипломатски извори, Комисијата ќе им постави рокови реформите на двете земји кои ќе бидат и казнети ако не ги исполнат по влезот. Секое идно проширување, според Претседателот на Комисијата Баросо ке биде разгледувано откако Унијата ке го реши проблемот со Уставот. Романија, во секој случај, ке биде една од најголемите членки на Унијата. Во меѓувреме ентузијазам на романците полека се претвора во внимателен оптимизам.

Градот Брашов е најголем во романската провинција Трансилванија и во многу што не се разликува од западно европските градови. Стотици туристи, забавувачи на улица, на отворена сцена. Ова е снимано само часови пред очекуваниот извештај на Европската Комисија за Романското и Бугарското членство во ЕУ. Романија земја со 22 милиона население, со големина колку Британија, е кандидат за членство во Унијата од 1999 година. За романците таа беше невозможен сон кој и денеска уќива огромно мнозинство. Во изминатите 5 години економијата се опоравуваше. Годишниот растеж беше над 7 насто, а центристичката администрација на Претседателот Трајан Басеску имаше прогрес во усогласување на домашното со европското законодавство, како и реформата на судството и борбата против корупцијата, И кога сонот е велат пред исполнување, романците обрнуваат се повеќе внимание за значењето на импактот од членството. Членството значи многу жртви во многу сектори со цел да станат конкурентни и ценовно ефикасни.

„Јас не сум евро скептик, но како да речам, има цена која треба да се плати. И кога си внатре во Унијата мора да се плати.“

вели 38 годишниот економист Тодор Чернеа. Од друга страна Романија многу назад од другите земји членки на ЕУ, и за тоа романците, како што вели студентот по машински инжинеринг од Брашов Ариел.

„Тие имаат повисоки стандарди и нам ќе ни требаат години за да ги стигнеме.“

Токму тие стандарди принудија два милона романци да ја напуштат земјата по 2002 година кога Унијата ги отвори границите. Тие од друга страна донесоа милиони долари во кеш во земјата. И сега разликите се огромни. Просечнат плата во Романија иако двојно се зголеми во изминативе години сега е околу 200 долари. И покрај предидените плусови и минуси што за земја на ново на економски развој како Романија ги носи членството во Европската Унија,романците велат дека тоа нема алтернатива.
XS
SM
MD
LG