Достапни линкови

Македонија со стари прописи од поранешна СФРЈ


Аферата со увоз на расипано месо од Бразил во јавноста го отвори прашањето дали некој се грижи за квалитетот на храната која стигнува на македонски трпези. Неодамна пак е формирана и Дирекција за храна која функцинира во рамки на Министерството за здравство и која покрај ресорните органи од министерството за земјоделство и ветеринарната упарва е задолжена за контрола на кавалитот на храната.Директораката Стансилава Лазаревска тврди дека нивните инспектори се често на терен оти гарнтираат дека храната е квалитетна

„Контролите што ги прават инспекторите се врз база на ризикот и научни сознанија. Карактеризирани се опасностите, проценет е ризикот и врз база на тоа се оценува колку пати и кога треба да се излезе на терен. Покрај тоа нашите инспектори одат и на случајни контроли. Тоа се обучени луѓе и ние стоиме зад нивната работа.“

Така тоа се одвива во практика.Но, професорот од Земјоделскиот факултет Михаил Данев тврди дека законите по кои ние се водиме во овааа област се многу стари и вопшто не се услогалсени со она што го бара Евроапскта Унија од нас

„Ние на тој план доста заостануваме, сеуште работиме со стари прописи и правила од СФРЈ. Ние останавме последни од поранешните ју републики каде се применуваат стари прописи и по 40 години, што е недозволиво.“

Од тука вели Данев покрај тоа што квалитетот на производите е лош тие не ни можат да се извезуваат во земјите членки на Унијата

„Не може да се задоволи стандардот на ЕУ по квалитет, амбалажирање, сортирање, а често пати и безбедност на храната.“

Од македонските фабрики за преработка и производство на месо пак велат дека финалните продукти кои што им ги нудат на граганите се со проверен квалитет и тие како производители гарнтираат за тоа

„Се контрлира и суровината со која се храни живината во сопствена и државни лаборатории,“

вели Дејан Митевски вработен во фирма за производство на месо.
XS
SM
MD
LG