Достапни линкови

Прага: Можно е времено компромисно решение за Косово да биде предлогот на Вук Драшковиќ


Координаторот на Пактот за стабилност Ерхард Бусек изјави дека е можно за извесно време како компромисно решние за Косово да биде предлогот на шефот на српската дипломатија Вук Драшковиќ, односно независност но без место во Обединетите Нации. Бусек во интервју за чешкиот весник Право изјави дека не верува оти решението за Косово ќе се најде до крајот на годинава ниту пак дека тоа ќе биде резултат од преговите меѓу Белград и Приштина. За тоа ќе мора да пресудат Обединетите Нации, вели Бусек.
XS
SM
MD
LG