Достапни линкови

Атина: Опожарена експозитура на Националната банка на Грција


Непознати лица синоќа во Атина запалиле експозитура на Националната банка на Грција, соопшти грчката агенција АНА-МПА. Според полицијата, пожарот го подметнале околу 20 лица на мотоцикли, кои пред да ја запалат банката ги искршиле нејзините стакла. Во гаснењето на огнот учествувале 15 пожарникари и пет противпожарни возила. Засега никој не ја презеде одговорноста за пожарот.
XS
SM
MD
LG