Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Без рокови за Косово


Советот за безбедност синоќа на затворена седница расправаше за преговорите за статусот на Косово. По седницата не е дадено соопштение и затоа не се познати детали од расправата. Специјалниот пратеник на ОН за статусот на Косово Марти Ахтисари по седницата изјави дека нема определено рокови за преговорите за Косово и најави дека продолжуваат техничките преговори меѓу Белград и Приштина во Виена. Српскиот претседател Борис Тадиќ по седницата рече дека претставниците на Белград можат да бидат умерени оптимисти, бидејќи ситуацијата ја компликува ставот на извесен број членки на Контакт групата, кој оди кон условна независност. Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу изјави дека пред Советот за безбедност на ОН рекол дека независноста на Косово е во согласност со политичката волја на народот на Косово.
XS
SM
MD
LG