Достапни линкови

logo-print

Најсиромашни членки со третина од БДП на Унијата


На дваесет и шестти овој месец се очекува Бугарија и Романија да добијат препорака за полноправно членство во Европската Унија. Со бруто домашен производ кој е само третина од просекот за земјите од Унијата, овие две земји ќе бидат најсиромашните што ќе бидат дел од евроблокот од први јануари догодина, се разбира доколку ги исполнат условите за членство.

Аналитачарите велат дека двете сиромашни земји од Црно Море ќе се соочаат со нови проблеми кога ќе се најдат под засилен притисок да ги спроведат стопанските реформи кои пак бараат порестриктивна економска политика. Иако платите во Бугарија во изминативе пет години пораснаа за четириесет насто, истражувањата покажуваат дека околу осум милиони луѓе живеат со помалку од две евра дневно. Куповната моќ на населението е помала отколку што била во илјада деветстотини осумдесет и деветата година, односно пред паѓањето на комунизмот. Официјалните статистички податоци покажуваат дека просечната плата е двесте лева. Сиромаштијата, според агенциите, била најизразена во руралните делови на земјата. Околу шеесет и пет насто од бугарите го поддржуваат членството на нивната земја во Европската Унија. Многумина сметаат дека странските инвестиции и отворањето нови работни места се најдобар начин за подобрување на животниот стандард. Меѓутоа, странските ивеститори не доаѓаат во земјата во која цветаат криминал и корупција, а убиствата се вообичаена појава. Од две илјади и првата досега во уличните престрелки загинале над сто и пеесет луѓе. Се уште никој не е ниту осомничен за некој од овие злосторства. Се верува дека шефовите на подезмјето потекнуваат од поранешните комунистички тајни служби и оти контролираат поголем дел од бугарското стопанство и дека во тоа им помагаат корумпираните државни службеници. Криминалците сега настојуваат да се легализираат и многу банки, осигурителни компании, градежни и фармацевтски фирми се под нивна контрола.

„Немам доказ за да докажам дали постои врска меѓу организираниот криминал и политичкиот систем во Бугарија. Повеќето од медиумите известуваат за такво нешто, но досега немаме видено никаков доказ. На пример судска пресуда или нешто слично.“

вели Гергина Нучева од Центарот за европски студии.
Поради тоа аналитичарите велат дека на Бугарија ќе и требаат децении за да ги достигне стандардите на Европската Унија.

„Големите проблеми како корупцијата, организираниот криминал и реформите во судството не можат да бидат подобрени за неколку месеци. Ќе ни треба помош од Европската Унија за да го сториме тоа.“

Оценува Нучева која сепак вели дека прогнозите за да се достигне евроспкиот начин на живот во Бугарија не се сосема розеви. ,,Тоа нема да се случи додека ние сме живи,, вели таа.
XS
SM
MD
LG