Достапни линкови

Газа: Палестинската влада на национално единство ќе го признае Израел, изјави Махмуд Абас


Претседателот на палестинската власт Махмуд Абас изјави дека идната палестинска влада на национално единство ќе го признае Израел и ќе се откаже од насилство. Абас, чие Фатах движење преговара со Хамас за формирање заедничка влада го изјави ова во говорот пред Генералното собрание на Обединетите Нации. Веднаш потоа, Хамас соопшти дека нема да го признае Израел и оти е подготвен на десет годишно примирје со еврејската држава. ,,Тоа не не интересира,, реагираше официјален Ерусалим.
XS
SM
MD
LG