Достапни линкови

Њујорк: САД пред пет години му се заканиле на Пакистан со бомбардирање


Пакистанскиот претседател Первез Мушараф во Њујорк изјави дека Соединетите Држави, по терористичките напади пред пет години, му се заканиле на Пакистан дека ќе го бомбардираат доколку не соработува во војната против тероризмот. Тој во интервју за американската телевизија Си Би Ес прецизирал дека тогашниот заменик државен секретар Ричард Армитиџ во заканата до директорот на пакистанската разузнавачка служба рекол: ,,Бидете подготвени да се вратите во каменото време,,. Армитиџ ги демантираше ваквите наводи на Мушараф.
XS
SM
MD
LG