Достапни линкови

logo-print

Финансиите главен проблем за општините


Недостаток од финансии, ова е главниот проблем со кој се соочуваат градоначалниците во Македонија една година од отпочнувањето на децентрализацијата. Проблемот настапува поради вакум просторот кој се создаде меѓу обврските кои се очекува да бидат исполнети од локалните власти, а дел од законите од областа на финансиите за општините сеуште не се стапени на сила бидејќи според зацртаната динамика предвидено е нивната примена да стартува на 1 јули следната година. Аце Коцевски градоначалник на општина Велес и член на комисијата за финансирање во Здружението на општини ЗЕЛС објаснува:

„Следната година од 1 јули општините би требало да добиваат т.н. блок дотации со кои ќе се финансираат активностите во областа на образованието, здравството, социјалната заштита и во другите дејности и новина ќе биде тоа што од 1 јули следната година општините ќе можат да се задолжуваат на домашниот и меѓународниот пазар на капитал.“

Меѓу градоначалниците постои согласност дека руралните и новоформираните општини се соочуваат со најголеми проблеми. Просторен недостаток, немање на доволно вработени и уште многу други проблеми, ја ,,мачат,, руралната општина Ростуше, вели градоначалникот на општината Фуад Дурмиши кој посочува дека во овој процес беше потребна и поголема едукација за локалните власти, но и за граѓаните:

„Граѓаните го разбираат тоа малку поинаку и си велат: Сега имаме општина таа ќе ни ги собира даноците, бидејќи во основа имаме анархија во сите свери почнувајќи од урбанизмот, даноците, работа на ,,црно,, итн. Втор проблем се недостатокот од човечки ресурси во руралните средини и поради тоа требаше да се направи претходна подготовка.“

Без многу пофални зборови, а со повеќе критики во освртот на едногодишното функционирање на децентрализацијата и првиот човек на општина Гази Баба Коце Трајановски:

„Општините беа оставени сами да се снаоѓаат поради големите долгови. Помошта беше во тоа што со некои од јавните претпријатија беше договорено долгот да се плаќа на рати, меѓутоа ратите за големите должници беа навистина мали.“

Или како што се навраќа, сумирајќи го неговото искуство од досегашното функционирање на локалната самоуправа, градоначалникот на Ростуше Фуад Дурмиши, без функционирање на законите и преголемата ,,политизација,, неможе да се очекува успех во децентрализацијата:

„Негативен набој преставуваат и политичките партии, без исклучок сите го прават тоа.“

вели Дурмиши.
XS
SM
MD
LG