Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Средба на Црвенковски и Милошоски со Метју Нимиц


Македонскиот претседател Бранко Црвенковски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во Њујорк остварија заедничка средба со Метју Нимиц, посредник на Обединетите Нации за спорот со Грција за името. Како што јавува МИА, целта била да се запознае Нимиц со ставовите на новата Влада во врска со овој спор. Милошоски изјавил дека не е предвидено интензивирање на разговорите за името се до завршувањето на локалните избори во Грција во наредниот месец.
XS
SM
MD
LG