Достапни линкови

Њујорк: Иран не ги почитува светските вредности, изјави Ципи Ливни


Израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни, во говорот во Обединетите Нации, изјави дека иранските лидери не ги почитуваат светските вредности и побара поголема меѓународна ангажираност во врска со безбедносните закани од Иран. Ливни посочи дека иранското раководство го негира Холокаустот и отворено бара бришење на Израел од светските мапи. Иранската делегација реплицира дека говорот на Ливни бил неоснована пропаганда.
XS
SM
MD
LG