Достапни линкови

logo-print

Најголеми губитници ќе бидат граѓаните, велат упатените


Една од заканите на ДУИ дека со демократски средства ќе и наштети на новата влада е и најавата дека нејзините градоначалници нема да соработуваат со централната власт. Градоначалникот на Гостивар и потпретседател на ЗЕЛС Невзат Бејта вели дека несоработката произлегува од фактот што тие не го признаваат легитимитетот на оваа влада:

„Нема да соработуваме, ние ги имаме законите за децентрализација и нема што да соработуваме.“

За разлика од Бејта, Горан Ангелов поранешен претседател на ЗЕЛС и еден од учесниците во креирањето на законот за децентрализација вели дека областите во кои е неоходна соработка меѓу централната и локалната власт се многубројни:

„Речиси и да нема област во законот за локална самоуправа, каде што нема одредени надлежности државата. Дали станува збор за основното, средното образование, противпожарната заштита, планирањето и урбанизмот... Дефинитивно државата има законски механизми да влијае на голем дел одлуки на Советот бидејќи општините се премногу финансиски зависни од централната власт.“

вели Ангелов и додава дека најголемата штета од несоработка ќе ја почуствуваат граѓаните:

„Еден пример само ќе кажам, ако централната власт и локалната власт не соработуваат што значи тоа, дека градоначалникот на Гостивар кога ќе ја добие наменската дотација за превоз на ученици нема да ја земе? Значи ќе ја врати на централната власт!? Или пак, наменската дотација за греење на детските градинки. Дали и таа ќе ја врати назад на централната власт? Кога двајца се расправаат, губи третиот, а во овој случај тоа се граѓаните.“

Градоначалниците на ДУИ пак најавија и непочитување на Бадентеровиот принцип на локално ниво, односно донесување на законите без потребно мнозинство од македонците кои се малцинство во нивните општини. Градоначалникот Бејта со став дека тие не го почитуваат законот поради тоа што истиот не се почитувал во општините каде што Албанците се малцинство:

„Бадентеровиот принцип треба да се почитува и во општините каде што не се мнозинството албанците, односно треба рамноправно да се почитува во сите општини. И во петок ќе ги кажеме пред меѓународната заедница нашите ставови за општини со мнозинско македонско население каде што не се почитува Бадентеровиот принцип.“

Инаку од 85 општини во Македонија, 15 имаат градоначалници од албанско етничко потекло. 14 од нив се членови на Демократска унија за интеграција.
XS
SM
MD
LG