Достапни линкови

logo-print

Будимпешта: Втора ноќ судири меѓу демонстрантите и полицијата


Во Унгарија најмалку 57 лица се повредени, а околу 100 тина се уапсени во втората ноќ на судири меѓу полицијата и демонстрантите кои бараат оставка на премиерот Ференц Ѓурчањи. Како јавуваат агенциите од Будимпешта, Коњичката полиција по полноќ се судрила со групи демонстранти кои го напаѓаче седиштето на Социјалистичката партија. Околу 10 илјади демонстранти одржале мирен протест. Причина за немирите во Унгарија е емитување на локално радио на изјава на премиерот дадена на затворен партиски собир дека предизборно лажел и го криел планот на реформи. Ѓурчањи одбива да даде оставка.
XS
SM
MD
LG