Достапни линкови

Тоа ќе значи поголеми средства за државата, но користењето ќе зависи од понудата на добри проекти


Македонија влегува во ново поглавје во соработката на финансиски план со Европската Унија. Крајот на оваа година државава завршува со користењето на фондовите од КАРДС програмата, финансиска помош што Европската Унија им ја доделува на земји во рамки на процесот на стабилизација и асоцијација и во јануари 2007-та година приеминуваме кон користење на новиот европски инстурмент за финансиска помош односно претпристапните ИПА фондови, согласно стекнувањето на кандидатскиот статус на земјава и подготовката за членство во Унијата. Говорејќи за последното поглавје од КАРДС програмата која за оваа последна 2006 година изнесува 30, 5 милиони евра, и потенцирајќи го процесот на транзиција кон користење на ИПА фондовите, директор во Директоријатот за проширување на ЕК Пјер Мирел истакна:

„Ова е последна КАРДС програма за земјата, следната година стартува нова програма наречена ИПА и таа вклучува пет компоненти чија цел е зајакнување на институциите, подршка на вашите напори во градењето и зајакнувањето на капацитетите, имплементација на законите, продолжување на меѓуграничната соработка, регионалнта соработка, развој на човековите ресурси и руралниот развој. Нашата намера е до 2009-та да се дуплира помошта што ја покажува нашата силна подршка за реформските процеси во вашата земја.“

рече Мирел.
И министерот за евроинтеграции Габриела Коневска Трајковска истакна дека ИПА фондовите значат повеќе средства за нашата држава, а тие се битни, исткна таа пред се за развој на економијата:

„Транзицијата од КАРДС кон ИПА фондовите ќе овозможи не само двојно зголемување на финансиските средства за овие приоритети туку и конкретна по структура подршка токму на економијата и на нашиот развој.“

Конечната финансиска рамка на ИПА фондовите не е соопштена, но се очекува да изнесува околу 40 милиони евра. За да се искористат потребно е да бидат понудени добри проекти, што се сметаше дека не беше на задоволително ниво во изминативе години на користење на средствата од КАРДС програмата.

„Но тоа не е гаранција дека средствата ќе ги добиеме. Треба да изградиме капацитети за изградба на добри проекти и нивна навремена реализација.“

истакнува Драган Тилев од Секретаријатот за евроинтеграции.
XS
SM
MD
LG