Достапни линкови

И новата влада со став дека демаркацијата на границата е техничко прашање


Попладнево во владата премерот Никола Груевски и неговиот косовски колега Агим Чеку ќе ја одржат својата прва заедничка средба. Имено утринава Чеку допатува во Македонија, а на неговата агенда се предвидени и работен ручек со претседателот на Собрането Љубиша Георгиевски и средби со лидерите на опозиционите партии СДСМ, ЛДП, ДУИ и ПДП. Иако од Владата велат дека не можат конкретно да кажат која е целта на посетата сепак на средбата се очекува да се разговара за меѓусосетската соработка особено на економски план. Инаку најголемото отворено прашање во моментов меѓу Македонија и Покраината е демаркацијата на границата. Ставот на оваа Влада е сличен како и на претходната, односно дека се работи за техничко прашање:

„Македонија очекува што побрзо затворање на ова за нас, техничко прашање, меѓутоа имајќи ги во предвид севкупните односи во текот на преговорите, значи најдоцна во пакетот за финалното решавање на косовскиот статус, како што беше наведено во извештајот на специјалниот пратеник Каи Аиде.“

вели Шпреса Јусуфи портпарол на Министерството за надворешни работи.
Инаку ваквиот став го потврди и Чеку при претходна посета во мај оваа година кога се сретна со тогашниот премиер Владо Бучковски. Тогаш и двајцата изјавија дека се согласуваат демаркацијата да се изврши заедно со решавањето на финалниот стаус на покраината и да остане административната граница од времето на СФРЈ. Преставници пак, на македонското министерство за надворешни работи минатата недела учсетвуваа и на состанокот на Контакт Групата за Косово кој се одржа во Софија. Таму уште еднаш го потврдиле ставот на Владата дека финалниот стаус треба да произлезе како компромис од преговорите меѓу Белград и Приштина кои се одржуваат под покровителство на меѓународната зедница. Во однос пак на економската соработка, Косово е едно од ретките со кои Македонија има повеќе извоз отколку увоз. Имено минатата година од земјава на косовскиот пазар се извезени стоки во вредност од околу 200 милиони евра, а од Покраината кај нас производи за само 9 милиони евра.
XS
SM
MD
LG