Достапни линкови

logo-print

Демонстрантите бараат оставка на унгарскиот премиер Ференц Ѓурчањи


Најмалку двесте повредени, е билансот од синоќешните судири во Будимпешта меѓу полицијата и демонстрантите. Тие бараа оставка на унгарскиот премиер Ференц Ѓурчањи кој на еден затворен партиски состанок изјавил дека лажел со цел повторно да победи на изборите во април годинава.

До судирите меѓу полицијата и демонстратите дојде откако тие упаднале во зградата на Унгарската телевизија во центарот на Будимпешта и запалиле дел од зградата. Во судирите биле повредени над сто полицајци и скоро исто толкав број демонстранти откако полицијата употребила солзавец и водени топови за да ги растера. Незадоволството на демонстраните за кое никој не ни очекуваше дека ќе биде толку бурно, беше предизвикано од снимката со коментари на премиерот Ференц Ѓурчањи искажани на еден состанок на неговата Социјалистичка партија во мај годинава. На снимката тој, меѓу другото, вели дека на предизборната кампања морал да лаже, бидејќи неговата влада во изминативе четири години не донесла ниту една мерка на која би се гордеела:

„Немавме многу избор, бидејќи ние ја зафркнавме работата. Не малку, туку многу. Ниту една друга европска земја нема направено толку глупави работи како ние. “

Изјави тогаш Ѓурчањи кој синоќа повтори дека нема намера да поднесе оставка и оти радикалните улични акции не придонесуваат за решавање на кризата.
XS
SM
MD
LG