Достапни линкови

Законски пречки не постојат, пресудна е моралната одговорност, велат експертите


Не постои законска пречка, но чувството на морална одговорност е тоа кое треба да се ,,активира,, во случај на концентрација на моќ или непотизам,, ги коментираат правните експерти последните случувања при назначувањето на одредени личности во власта во кои профункционираа роднински врски или пак поделба на неколку функции на една личност, со што се покажа дека на тоа не е имуна ниту новата Влада, иако ова е случај што се повторува кај секоја Влада претходно. Професорот по политички систем Саво Климовски објаснува:

„Законски пречки не постојат меѓутоа постојат морални пречки. Правно не пречи, бидејќи граѓаните се рамноправни и никој не ги прашува дали се ,,браќа или сестри,, но прашањето е дали се искористува функцијата за некој да се ,,намести,, на одредено место и тогаш веќе станува збор за непотизам. Ако се работи за таков случај, тогаш тоа треба да се осуди од чисто морален аспект инаку нема правна пречка бидејќи никаде не пишува, дека во министерството ,,тоа и тоа,, да речеме, дека не смее да се вработи некој од родинините. Тоа е веќе прашање на политичка и пред се морална проценка.“

Со редок случај на исклучоци, досега се покажа дека чувството на морална одговорност во земјава не функционира во голем степен, додава Климовски, а тоа според него говори за нивото на политичка култура во една држава:

„Кое што се создава со една подолгорочна, демократска практика која што постоела со векови или децении и тогаш веќе се создава нешто што е автоматски осудено од јавноста и има директни последици на политичката одговорност на носителите на јавните функции. Ние тоа кај нас сеуште го немаме, односно кај нас тоа не е созреано.“

Посочува професор Климовски. На иста линија односно дека е пресудна моралната одговорност е и Џевдет Хајредини, експерт од областа на корупцијата. Концентрирајќи се на актуелните случувања, тој ги објаснува долгорочните последици при постапката на конфликт на интереси во регрутирањето на одредени личности на јавни функции:

„Сето ова зборува дека треба да бидеме на самиот старт крајно сомничави дека можеме да очекуваме од ваквите постапки успех во корупцијата.“

посочува Хајредини.
XS
SM
MD
LG