Достапни линкови

Реформите се спроведуваат со предвидената динамика, велат од владиниот сектор за евроинтеграции


Во следните два дена делегација на Европскиот комитет за стабилизација и асоцијација ќе оценува до каде е Македонија со остварувањето на обврските преземени со Спогодбата за стабилизација и ассоцијација потпишана во 2004 година. Од Секторот за евроинтеграции информираат дека на состанокот со своите европски колеги ќе биде направен пресек на се она што е сработено во изминатите 12 месеци, како и на прашањата кои остануваат отворени и на кои ќе треба да се осврнеме наредниот период:

„Се работи за процес кој што неможе да кажеме дека е завршен туку дека само се наоѓаме низ процесот и понатаму се разбира низ формите на овие состаноци ќе можеме низ партнерски дијалог да разговараме со нашите партнери од Брисел.“

Изјави Драган Тилев, државен советник во Секретаријатот за европски прашања
Многу од обврските кои Македонија ги презеде со потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација се исполнети или пак се реализираат со предвидената динамика, велат од Секторот за евроинтеграции.
Конкретниот рок за остварување на сите обврски во процесот на евроинтеграција е датумот на членство. Од секторот се надеваат дека до 2010 година сите преземени обврски ќе бидат исполнети:

„Триста и петнаесет правни акти, што закони, што подзаконски акти во изминатите 15 месеци се усвоени или од Владата или од Собранието и се веќе во функција. Околу 850-870 службеници се активно вклучени во изминатиот период во процесот на евро интеграција, говориме и за подобрувањето на функционирањето на инспекциските служби, односно на сите служби кои што се задолжени во делот на владеење на правото, а се разбира дека во прв ред ќе се елаборира напредокот што го имаме во делот на реформите, како полицијата, во правосудниот систем и централниот регистар, регионалната соработка итн.“

Најмалку дваесет експерти во различни области ја сочинуваат делегацијата на Европската комисија, како и претставници на земји-членки на Европската Унија, кои ќе имаат улога на набљудувачи. За првпат, делегацијата на Европската комисија ја предводи Пјер Мирел, директор во Генералниот директорат за проширување. На состанокот ќе учествуваат државни секретари и претставници на повеќе министерства од македонска страна.
XS
SM
MD
LG