Достапни линкови

Според експертите испраќаме сигнал дека не сме подготвени да имаме професионална администрација


Со смената на администрацијата, по промената на власта, каде на удар се најдоа и професионални кадри, меѓу кои и оние што беа обучувани со подршка на Европската Унија и останатите меѓународни иниституции во земјава, на еден начин праќаме сигнал, велат експертите, дека не сме подготвени за постоење на професионална јавна администрација и стабилност на системот. Професорот Биљана Ванковска од Филозофскиот факултет коментирајќи ги овие постапки на новата власт објаснува:

„Ми се чини дека досега ЕУ беше многу јасна и во своите пораки и во своите инвестиции, а тоа е дека една демократска држава мора да има фундамент, а тоа е јавната администрација. Во сите ресори, администрацијата е елемент кој што дава стабилност на системот и кој во основа е непроменлив, без оглед на тоа која влада дошла или заминала. Со вакво нереспектирање на хуманиот капитал покажуваме дека државата не ја третираме во еден континуитет.“

Меѓу другото ова сигурно ќе постави дилема кај меѓународната заедница дали во иднина ќе дава финансиска подршка за професионална обука на македонски кадри, вели Ванковска:

„Мислам дека и ЕУ не е ,,бунар без дно,, и во одреден момент сигурно ќе застане во смисла на нефрлање на средства и напори, залудно.“

Со ваквото мислење се согласува и политикологот Ненад Марковиќ. Тој додава дека во држава во која постои како што го нарекува ,,споил,, систем во кој на владеачката гарнитура и се дава правото на смена на администрацијата, што е случај кај нас, главното прашање е започнувањето на реформи за да се премине кон непартиско менување на кадрите:

„Тоа подразбира постепено во Македонија доколку има политичка воља, да се оди од ,,споил,, кон ,,мерит,, систем значи одредена професионализација на администрацијата каде што дури во некои држави, таа администрација не смее никако политички да се произнесува.“

забележува Марковиќ.
XS
SM
MD
LG