Достапни линкови

logo-print

Ватикан: Зголемени мерки за безбедност поради изјавите на Папата


Мерките за безбедност во Ватикан се зголемени по заканата од една ирачка група поради коментарот на папата Бенедикт 16 за исламот. Вооружена ирачка група Џајех ал Муџахедин соопшти дека ке го нападне Рим и Ватикан, како одговор на изјавата на папата за исламот, јавуваат агенциите. Зголемени мерки на безбедност и околу црквите во Газа и Западаниот брег. На неколку католички цркви вчера беа извршени напади по коментарите на папата Бенедикт 16 за исламот кои беа осудени од муслиманскиот свет. Папата им се извини на муслиамните и рече дека жали ако некои делови на неговиот говор ги навредиле муслиманските верници.
XS
SM
MD
LG