Достапни линкови

Нов генерален секретар на ОН според непишаното правило треба да биде од Азија


Во Обединетите Нации официјално започна Шеесет и првата сесија на Генералното собрание. Првата недела всушност претставува подготовка за стартот на генералната дебата на деветнаесетти овој месец. Кои прашања ќе доминираат и какви промени може да донесе годинашната сесија?

Во разговорот за Радио Слободна Европа со Ли Фејнштајн, стручњак за Обединетите Нации во њујоршкиот Совет за меѓународни односи тој смета дека главни теми би биле кризите во Либан и Дарфур, тероризмот и ситуацијата во Иран, значи тековните политички теми. Она што оваа седница ја прави поинаква од другите е изборот на нов генерален секретар. Непишано правило е личностите на оваа функција да се менуваат по континенти, па сега дојде ред на Азија. Медиумите неколку месеци шпекулираат со имињата на кандидати. Кофи Анан не се изјаснува освен што изјави дека би сакал на чело на Светската организација да дојде жена. На прашањето кој би го наследил Анан на функцијата Фејнштајн вели:

„Тоа е тешко да се каже. Тоа би требало да биде некој од Азија. Би сакал да биде ефикасен човек кој ќе може и во ситуација на различни интереси да ја направи Светската организација поделотворна.“

Фејнштајн ја исклучува можноста новиот генерален секретар да не е некоја личност од Азија. Има шпекулации дека за ова место би бил добар поранешниот американски претседател Бил Клинтон иако како правило важи тоа генералниот секретар да не некој од петте постојани членки на Советот за безбедност.

„Тоа не е правило само по себе, но тоа не е никаква традиција да генералниот секретар не е од групата која има право на вето. Идејата е тој да биде некој што ќе ги претставува другите земји. Клинтон изјави дека не е заинтересиран. Освен тоа неговата сопруга, сенаторката Хилари е заинтересирана да стане американски претседател што ќе ја искомпликува неговата позијата. Јас мислам дека тој би бил генерален секретар како од бајките. Но, нема тоа да се случи.“

Вели Фејнштајн кој во врска со тоа дали е реална можноста за проширување на бројот на постојнаите членки во Советот за безбедност наведува:

„Не гледам услови во кои постојаните членки на Советот за безбеднсот би се откажале од правото на вето или пак тоа право да им го дадат на уште некои земји. Можеби може да се зголеми бројот на сите членки на Советот од сегашните петнаесет на повеќе.“

Притоа Фејнштајн наведува дека како такви членки би можело да бидат Индија, Бразил или Јапонија.

„Мислам дека Германија го пропушти вистинскиот момент за тоа бидејќи се намалува нејзиното релативно значење во светот.“

Оценува Ли Фејнштајн, стручњак за Обединетите Нации во њујоршкиот Совет за меѓународни односи за очекувањата од Шеесет и првото заседание на Генералното собрание на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG