Достапни линкови

Наспроти приоритетот економија, првите денови новата влада ги троши на решавање политички прашања


И покрај тоа што новата влада ја издигна економијата највисоко на својата приоритетната листа, македонската реалност неминовно наметна друг правец на дејствување. Првите денови од владеењето на новата владина коалиција безмилосно потрошија енергија на политичките прашања наметнувајќи ја опасноста економијата да падне во нивна сенка.

„Постои опасност за една таква разврска со оглед на фактот дека уште на почетокот се трошеше време во создавањето на владиното мнозинство, а сега се троши времето за обезбедуање на потребното парламентарно мнозинство.“

вели професорот Хасан Јашари од Универзитетот на Југоисточна европа. Звучеше по малку наивно определбата на новата влада да се занимава само со економските прашања, не може да се избега од македонскиот политички живот во кој доминираат меѓуетничките односи, смета професорот Денко Малевски.

„Новата власт очекуваше бесплатно да се „вози“ на достигнувањата на претходната власт во областа на меѓуетничките односи и дека тука очигледно направи грешка. Бидејќи тие мораат со отворени очи да ги следат тие процеси во македонската политика. Сите тие политички теми ќе бидат многу актуелни и залудно е што некои челници од владеачката партија изјавуваат „доста беше занимавањето со меѓуетнички проблеми, сега мораме да тргнеме со економски проблеми“. Така во политиката не оди.“

Професорот по меѓународни политички односи Малески во последните изјави од меѓународната заедница чита сигнали со барање да се сврти фокусот на вниманието на власта кон овие проблеми

„И тие ќе бидат задоволни со секое решение кое што се разбира ќе произведе една хармонија во Македонија.“

Додека Малевски очекува политиката да им носи многу неочекувани проблеми на новите носители на Власта, политикологот Жидас Даскаловски смета дека двата аспекти на делување се неповрзани и реформите можат да се одвиваат непречено, а политичките прашања да се решаваат во од така како што ќе се појавуваат.

„Освен ако нема некои радикални случувања, па тука климата за инвестирање да стане матна инаку неможе да влијае.“
XS
SM
MD
LG