Достапни линкови

Брисел: ЕУ расправа за иранската нуклеарна програма


Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска во Брисел повторно ќе расправаат за иранската нуклеарна програма, по средбата на Хавиер Солана со иранскиот преговарач Али Лариџани. Унијата смета дека кризата треба да се реши низ преговори, но предупреди дека можни се и санкции доколку Иран не покаже готовност за компромис. На состанокот ќе стане збор и за можноста од обновување на помошта за палестинците откако ќе се формира најавената палестинска влада на национално единство. Шефовите на дипломатиите ќе ги разгледаат и можните визни олеснувања за земјите од Западен Балкан, како и прашањето за поблиски односи со Црна Гора и Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG