Достапни линкови

Исламабад: Пакистанскиот парламент побара од папата да ги повлече изјавите против исламот


Пакистанскиот парламент усвои резолуција со која го повика папата Бенедикт 16-ти да ги повлече ставовите за поврзување на исламот со насилството. Папата предизвика реакции во некои муслимански земји, кои побараа извинување, кога неделава во едно теолошко предавање го цитираше критицизмот на византиски император за пророкот Мухамед и светата војна. Ватикан соопшти дека Папата немал намера да ги навреди муслиманите.
XS
SM
MD
LG