Достапни линкови

Њујорк: Џорџ Клуни и Ели Визел бараат од ОН итна акција за спасување на цивилите во Дарфур


Актерот Џорџ Клуни и нобеловецот за мир Ели Визел во Советот за безбедност на Обединетите Нации побараа итна акција за спасување на цивилите во суданскиот регион Дарфур. Клуни изјави дека Советот за безбедност ќе сноси одговорност доколку се случи геноцид и властите во Судан не бидат запрени. Визел побара интервенција од Обединетите Нации за заштита на дарфурските бегалци, дури и доколку Судан се спротистави на распоредувањето меѓународни сили.
XS
SM
MD
LG