Достапни линкови

Oдложување на решението за идниот статус на Косово може да предизвика нови тензии


Oдложување на решението за идниот статус на Косово може да предизвика нови тензии во покраината, оцени шефот на УНМИК Јоаким Рикер на синоќешната седница на Советот за Безбедност на кој се разгледуваше најновиот извештај на Кофи Анан за напредокот во примената на 13 те стандарди дефинирани од контакт групата за Косово. Во расправаат за идниот статус учествуваа амбасадорите на сите 5 постојани земји членки на Советот за Безбедност на Обединетите Нации.

Генералниот секратар Кофи Анан ги поздрави напорите на косовските институции за примена на стандардите и смета дека ситуацијата е главно стабилна. Тој сепак силно ги осуди инцидентите, посебно меѓу етничките. Шефот на УМИК Јоаким Рикер пак изрази загриженост од пораст на тензиите доколку се одлага решението за статусот на Косово.

„Генерално чувство на Косово е дека наскоро ќе почне нова етапа во историјата. Тоа на луѓето им буди надеж, но ги прави и нервозни, поради неизвесноста од преговорите за статусот. Напредок има, но неизвесноста треба да се тргне и да се продолжи напред без тој товар.“

На состанокот присуствуваше и косовскиот премиер Агим Чеку. Шефицата на Координативниот центар за Косово Санда Рашковиќ Ивиќ рече дека изјавата на специјалниот пратеник Марти Ахтисари за српската вина е единствен аргумент во прилог на независноста на Косово кој српската страна можела да го слушне.

„Неприфатливо е да се одземе 15 проценти српска територија за да се создаде втора албанска држава. Додека српската страна се повикува на меѓународното право и неможноста на една демократска држава да и се одземе 15 насто територија, се упатува на заклучок дека стравот од моќните албанци и нивните закани со одмазда се денеска принципот под кој остапуваат меѓународното право и меѓународната правда.“

Британскиот преставник ја подржа работата на Марти Ахтисари и рече дека независноста, според некои е единствена опција, а тие кои бараат независност ке мораат да дадат гаранции за мулти етничко Косово како реалност во Европа. Рускиот преставник пак рече дека решението за Косово мора да биде универзално и единствено ако биде постигнато со договор и не преставува преседан за другите кризни подрачја во светот може да биде приафтено во Советот за безбедност. Кинескиот амбасадор беше на ставот дека е нужно да се почитува принципот на територијален интегритет. Американскиот преставник Џеки Сондерс пак ги повика двете страни на реалистичен пристап. Одлагањето на решението не оди во рпилог на ни една страна.

„Двете страни треба да бидат реалистични околу можниот исход. Косово мора да биде мултиетничко и прифатливо за народите кои во него живеат. Нема враќање на ситуацијата пред 1999, нема поделби, ниту здружувања на Косово со некоја друга држава или некој нејзин дел.“
XS
SM
MD
LG