Достапни линкови

Туркменистан: Во затвор почина новинарот на РСЕ Огулсапр Мурадова


Дописникот на Радио Слободна Европа од Туркменистан Огулсапр Мурадова починала во затвор, изјавија нејзини роднини. Тие биле повикани во мртвачница да го идентификуваат телото и за Слободна Европа изјавија дека не јасно кога починала. 58 годишната Мурадова беше уапсена во Јуни. На 25 август судот во Туркменистан ја осуди неа и уште две лица на 6 години затвор за илегално поседување муниција. Според западните организации за човекови права, обвиненијата беа фабрикувани а судскиот процес бил пародија на правдата.
XS
SM
MD
LG