Достапни линкови

Неучеството на дел од лидерите, говори за суети, а не за политичка зрелост, велат експертите


Непостоење на политичка култура, наметнување на ,,личното,, наместо консолидицација за важни политичко-економски прашања битни за државата и граѓаните, вака експертите ги коментираат најавите на дел од опозиционите лидери како Демократската Унија за интеграција и најавата која дојде од СДСМ за неприсуство на претстојната за утре закажаната лидерска средба што ја иницираше премиерот Никола Груевски. Тоа ќе ја минимизира важноста на оваа средба која претставува можност за обновување на политичкиот дијалог посебно по политичката ситуација наметната од ДУИ која се одлучи на бојкот поради неучеството во власта, вели аналитичарот Хисен Рамадани.

„Тоа покажува дека сеуште не сме стигнале во фаза на заокружување на односите помеѓу позицијата и опозиција во смисла на тоа дека за важни работи не се битни разликите во проектите или во чекорите што некој ги направил во одредено време. Сметам дека тоа одложување на средбите не е во прилог на водењето и градењето на добра политика.“

И политикологот Дане Талески смета дека лидерите на политичките партии во државава на овој начин демонстрираат политичка битка.

„Сепак тоа е малку борба и на суети и на покажување на политичката моќ.“

Посочува Талески. Но, освен самиот чин на среќавање кој е важен за обновување на политичкиот дијалог, има и други начини за постигнување на целите, додава аналитичарот Рамадани. Кога станува збор за ставот на опозицијата од албанскиот политички блок односно ДУИ да не учествува на лидерската средба, Рамадани го потенцира фактот дека сепак оваа партија се одлучи да вклучи во работата за донесување на клучните закони,

„Мислам дека тоа неможе да значи закочување на процесите на донесување, на пример на законот за полиција или за судскиот совет затоа што мислам дека за таков интерес ќе има друга димензија во однесувањето, односно дека ДУИ ќе учествува во расправата за тие закони.“

Забележува аналитичарот Хисен Рамадани.
XS
SM
MD
LG