Достапни линкови

Ревизија на отпуштањата, поради одлуките донесени од партиски причини


Отпуштените работници од Макеоднски железници бараат ревизија на отпуштања кои се случија пред речиси години и половина. Причината за тоа е како што обвинува Зоран Велевски од координативното тело фактот што поранешното раководство на претпријатието ги отпуштало работниците врз основа на нивната партиска припадност без да ја земе во предвид социјалната положба во која се наогаат. Дел од работниците во изминатот период покренале и тужби против железници

„Имаме и судски спорови, кои што одат многу споро и сто насто се негативни во однос на работниците. Нас не чуди зошто е тоа така, затоа што имаше и тогаш работници што беа социјални случаи, а судот тоа не го интересира, туку гледа дали била запазена процедурата,“

објаснува Велевски и додава дека претпријатието не ја спровело ниту ветената прекфалификација на работинците.

„Луѓето само беа изманипулирани. Ни беа доделувани прашалници, за на крај да ни кажат дека не сме сакале да работиме.“

Со квалификациите кои ги поседуваат велат отпуштените тешко е да се најде работа.Самохраниот родител на две деца Славољуб Таневски откако по 23 години работен стаж бил отпуштен вели дека се обидел да најде нова работа. Приказната на Славољуб го поставува и прашањето како е да се живее без пари

„Од денеска за денес, од утре за утре.“

Слични судбини делат и други луге од 755 работници кои беа прогласени за техношки вишок. Нивното отпуштање беше дел од проектот за трансформација на Македонски железници кое претпријатието го спроведуваше заедно со светската банка.На почетокот требаше да се отпуштат околу 200 работници но потоа нивната бројка се намали. Сега некогаш едно од најголемите претпријатија во држава има 2885 вработени.Донесена е и одлуката за трансформација односно поделба на Железници на инфарструктура и транспорт но сеуште не е започнато со конкретна реализација. Во моментов МЖ немаат ниту директор откако владата ги разреши сите директори на јавни претпријатија.
XS
SM
MD
LG