Достапни линкови

logo-print

Дамаск: Истрага на сириските власти за нападот на американската амбасада


Сириските власти спроведуваат истрага за вчерашниот обид со два автомобила бомби да биде уништена американската амбасада во Дамаск. Во престрелката биле убиени тројца напаѓачи и еден припадник на сириските безбедносни сили. Стејт департментот соопшти дека четвртиот напаѓач бил уапсен и оти на сириските власти им признал кој стои зад нападот. Сепак, тоа засега не е обелоденето во јавноста.
XS
SM
MD
LG