Достапни линкови

Брисел: НАТО расправа за испраќање на дополнителен број војници во Авганистан


Воени претставници на НАТО денеска во Брисел решаваат за тоа дали да бидат испратени дополнителен број војници во мисијата на Алијансата во Авганистан. Американскиот генерал Џејмс Џонс изјави дека се потребни уште две и пол илјади војници кои би биле распоредни во југоисточниот дел на земјата каде што во последниве денови талибанците ги интензивираа нападите. Инаку, синоќа Советот за безбедност на Обединетите Нации за уште една година ја продолжи НАТО мисијата во Авганистан. Сега во таа земја има дваесет илјади НАТО сили и исто толку американски војници.
XS
SM
MD
LG