Достапни линкови

Техеран: Започнува посетата на неколку земји на Махмуд Ахмадинеџад


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска почнува неколкудневна турнеја во чии рамки ќе ги посети Сенегал, Куба и Венецуела. Турнејата завршува идната недела во Њујорк со неговото обраќање на Шеесет и првата сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации. Претходно, американската администрација ги отфрли како неточни наводите дека Иран понудил привремено прекинување на збогатувањето ураниум со цел да започнат разговорите за неговата нуклеарна програма пред евентуалните меѓународни санкции.
XS
SM
MD
LG