Достапни линкови

Македонија треба да игра поактивна улога во затворање на прашањето за демаркацијата на границата


Македонската делeгација која пристувува на состанокот на контакт групата за Косово во Софија се очекува да се врати вечерва. Од министерството за надворешни работи велат дека не можат да прецизираат што е разговарано и евентуално договорено се до вракањето на делгацијата која е предводена од амабасадорот на Македонија во Бугарија Абдурхаман Алити. Портпаролот на миситертвото Шпреса Јусуфи вели дека засега може само да го потврди веќе познатиот став на замјава во однос на решавањето на статусот на покраината:

„Пред се, идниот статус на Косово треба да придонесе за натамошно стабилизирање на регионот. Финалниот статус треба да произлезе како компромисно решение од разговорите меѓу Белград и Приштина. Секако ќе биде споменато и прашањето и за границата, дека Република Македонија што побрзо очекува решавање на ова, за нас, техничко прашање, најдоцна со пакетот за финалниот статус за Косово. “

Според аналитичарот Хисен Рамадани ваквата позициии и ставови на Македонија се добри затоа што како што вели сепак за финалниот статус на крај ке се договарат Белград и Пришитна под покровителство на мегународната заедница. Но, Рамадани вели дека македонската влада може и треба во иднина да има поактивни контакти на кои директно ке разговара за демаркацијата на границата:

„Треба да се игра малку поактивна улога од она до сега, пред се во комуникацијата. Комуникацијата треба да е поконкретни помеѓу Македонија и косовските фактори, вклучувајќи ги и меѓународните фактори. Мислам дека не смее да останат отворени прашања околу границата меѓу Косово и Македонија. Тие работи треба да бидат јасни што побрзо, без да останат отворени прашања кои би ни создале проблеми потоа, во нашите меѓусебни односи помеѓу две соседни земји, евентуално и држави,“

објаснува Рамадни.
XS
SM
MD
LG