Достапни линкови

Патот на Македонија до НАТО и ЕУ е ист, различни се начините за прием


Кога станува збор за Македонија, единствени се експертите, важно е паралелно да се работи и на интеграциите за влез во НАТО и Европската Унија. Влезот во Алијансата, апсолутно ќе ни помогне при членството во Европската Унија, објаснува експертот Димитар Мирчев.

„Ние имаме конзистентна стратегија за влегување во двете интеграции. За Македонија е битно да влезе побргу во НАТО, затоа што се стабилизира безбедносниот систем и тоа многу значи за стабилност на земјата и влез во ЕУ,“

потенцира Мирчев. Со него се согласува и професорот од Правниот факултет Владо Поповски, кој посочува дека самите реформи кои се бараат од нас за членство и во европското семејство и во НАТО укажуваат на компатибилност меѓу двете меѓународни организации.

„Треба да се разберат низа ставови што официјалните институции на НАТО ги искажуваат за земјата кандидат, што не се стриктно врзани за системот на одбраната, туку се пошироко поставени и се однесуваат на човековите права, демократија, пазарно стопанство. Па, на тој начин може да разбереме дека двете организации се надополнуваат во своите функции и барања.“

Разликата пак, додава професор Мирчев е единствено во начинот на приемот внатре во самата Унија и во НАТО:

„Во ЕУ се влегува со консензус, со ратифицирани спогодби за влез, додека во НАТО процедурата е поинаква, треба мнозинството да се согласи и земјата кандидат се поканува да му пријде на НАТО.“

Вели Мирчев.

За ставот дека евро-атлантската интеграција останува врвен приоритет за државава, како и кои ќе бидат иднините заложби на владата, македонската владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски ќе ги информира претставниците на Европската Унија и НАТО во Брисел каде од вчера престојува.
XS
SM
MD
LG