Достапни линкови

Борбата против тероризмот не е ништо помалку од борба за цивилизацијата


Американскиот претседател Џорџ Буш во синоќешното телевизиско обраќање им порача на американците дека војната против тероризмот не е ништо помалку од борба за цивилизација. Тој го обнови американското залагање за градење демократија на Блискиот и Средниот Исток и повтори дека американските војници нема да го напуштат Ирак се додека таа земја не биде целосно мирна и демократска.

На петтата годишнина од настанот што го дефинираше неговото претседателствување, Џорџ Буш ја редефинира војната против тероризмот во борба за цивилизација.

„Оваа борба беше нарекувана судир на цивилизациите. Тоа всушност е борба за цивилизација. Ние се бориме за зачувување на начинот на живот каков што постои во слободните земји. И ние се бориме пристојните луѓе на Блискиот Исток да ја имаат можноста да градат општества кои ќе бидат базирани врз слобода, толеранција и личен дигнитет.“

Изјави претседателот Буш во осумнаесет минутното обраќање од неговата канцеларија во Белата Куќа во најгледаниот вечерен телевизиски термин во Соединетите Држави. Повеќето телевизиски мрежи ја прекинаа редовната програма за да го емитуваат обраќањето на претседателот кое тој го одржа откако ги посети местата кои беа цел на терористичките напади на Ал Каида врз Соединетите Држави: Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија. ,,Светот е во почетна фаза на борбата меѓу слободата и тиранијата,, изјави Буш, додавајќи дека оваа генерација е повикана да ја води таа борба. Војната против тероризмот, според Буш, не може да биде ни одложена, ни забавена. ,,Човештвото досега се нема соочена со такво нешто,, наведе претседателот Буш:

„Се соочуваме со непријател кој е решен да донесе смрт и страдање во нашите домови. Америка не је бараше оваа војна и секој американец пожелува даа да биде завршена. Тоа го посакувам и јас. Но, војната ќе биде завршена тогаш кога ќе го победиме непријателот. Ако не го сториме тоа на нашите деца ќе им го оставиме Блискиот Исток преполн со терористички земји и екстремистички диктатори кои имаат нуклеарно оружје.“

Изјави Буш, додавајќи дека оваа војна ќе го постави курсот на новиот век и ќе ја детерминира судбината на милиони луѓе во светот. На само осум недели пред изборите за Конгресот, со анкети кои покажуваат дека мнозинство американци веруваат оти војната против тероризмот не се одвива како што треба и се против војната во Ирак, на вчерашниот говор на Буш се гледа како на уште една можност тој директно да им се обрати на милиони гласачи. За прв пат Буш ја спомна и бројката на американците кои досега загинаа во Ирак и Авганистан: скоро три илјади, или повеќе од оние што загинаа во терористичките напади пред пет години. Во земјата растат незадоволството поради тоа што се уште не е пронајден Осама Бин Ладен и сомнежот зошто е нападнат Ирак ако таа земја не поседувала оружје за масовно уништување и немала врски со Ал Каида.

„Често пати сум прашуван зошто сме во Ирак ако Садам Хусеин не е еодговорен за нападите. Одговорот е дека тој претставуваше јасна закана. Мојата администрација, Конгресот и Обединетите Нации ја видоа закана.“

Изјави Буш кој уште еднаш повтори дека американските војници ќе останат во Ирак се додека таму не завледеат мир и слобода и оти бин Ладен ќе биде уапсен.
XS
SM
MD
LG