Достапни линкови

Според експертите мал е бројот на закони за кои е потребно бадентерово мнозинство


Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска од Шипковица ги објави најавените предлози до премиерот Никола Груевски. Тој рече дека ќе ја прифател средбата која според него ја побарал лично премирот под услов на неа да се разговара за неколку точки:

„За Рамковниот договор, гласање за составување на новата влада по принципот на Бадентер, измени во Уставот за да се гарантира дека политичките партии кои се победници кај албанците и македонците ќе составуваат нова Влада, законот за употреба на јазиците, законот за полиција, законот за припадниците на ОНА, за инвалидите, загинатите и нивните семејства, законот за Републички судски совет и за сите други закони кои се однесуваат за бадентеровиот принцип.“

Друг услов кој што го поставува Ахмети за да се сретне со Груевски е тоа да се случи во Шипковица:

„Ова место за албанците претставува место на мирот, симболизира почеток на изградба на доверба помеѓу заедниците, ги симболизира напорите за постигнување на рамковниот договор кој стави крај на конфликтот, а потоа Македонија доби статус на земја кандидат за влез во ЕУ.“

ДУИ е во конфликт со ВМРО ДПМНЕ повеќе од еден месец. Во првите две недели од кога Груевски одлучи коалиционен партнер да биде ДПА, ДУИ револтот го изразуваше преку блокада на патиштата во цела северозападна Македонија. Следна фаза на нивниот протест беше закана дека нема да гласаат за законите за кој е потребен Бадентеровиот принцип односно мнозинство од малцинството. Но колку реално ДУИ може да предизвика политичка криза доколку не присуствува во парламентот и не гласа за таквите закони. Според аналитичарот Ненад Марковиќ од Инститот за демократија палетата на закони кои се гласаат со Бадентер е мала:

„Тоа се закони кои се однесуваат на јазикот, правата, фолклорот, традицијата итн. односно комплекс на права кои се однесуваат на идентитетот на сите оние етнички групи кои се над 20%, така да закони од областа на економијата, безбедноста за нив не треба бадентерово мнозинство. Може да не дадат подршка но, негледам како тоа ќе биде добро за нив. Во тој случај Владата ќе има легитимитет да каже дека ги иницирала законите, меѓутоа таа не била подржана од оние што најмногу требале да ја подржат. И во тој случај станува збор за тоа кој ќе изгуби, а кој ќе добие политички поени.“

Објаснува Марковиќ.
XS
SM
MD
LG