Достапни линкови

По нападите започна глобалната војна против тероризмот


Изминаа 5 години откако 19 самоубиствени напаѓачи поврзани со Ал Каеда киднапираа 4 авиони со кои ги извршија нападите врз Соединетите Држави. Во овие напади загинаа 3 илјади луѓе, а 80 држави започнаа војна против тероризмот која трае и денеска. Соединетите Држави потрошија 430 милијарди долари во оваа глобална војна чиј крај се уште изгледа далеку.

На 11 септември 2001, беа погодени кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, Пентагон во Вашингтон и 4 авион беше урнат во поле во Пенсилванија по како што се верува револотот на патниците во авионот при што не се исполни планот тој да биде урнат врз Белата Куќа или врз Капитол билдинг. На Си Ен Ен новинарот Карол Лин вака ја опишуваше ситуацијата на кулите близначки.

„Вие гледате во очигледно вознемирувачка слика во живо. Тоа е Светскиот Трговски Центар и ние имаме непотврдени извештаји дека утрово авион удрил во едната од кулите на Центарот.“

17 минути подоцна удри и вториот авион во кој имаше 53 патници и екипаж, а врз кој ,како што се верува 5 киднапери ја превзеле контролата. Денеска 11 септември во Соединетите држави се одбележува со низа манифестации. Американскиот претседател Џорџ Буш чиј говор се очекува вечер, вчера во Њујорк пред меморијалот изјави:

„Ова исто така е ден за паметење и јас ветувам дека никогаш нема да ја заборавам лекцијата од тој ден.“

За пет години по нападите врз Америка на 11 септември Соединетите држави потрошија 430 милијарди долари за она што претседателот Џорџ Буш го нарече глобална војна против теророт. Војна чиј крај не се знае бидејки не е налик ни една војна досега, како на пример Втората Светска Војна се водеше меѓу моќни држави, Студената војна се водеше меѓу ривалски економски системи. Еве што вели за тоа, колку може да трае оваа војна која е нејзината вистинска природа поранешниот аналитичар за разузнавање Ентони Кордесман:

„Никој од нас неможе да процени колку ќе трае оваа борба. Таа во суштина е идеолошка борба внатре во Исламот, претежно на Блискиот исток. Соединетите Држави се на периферијата на судирот. Иако не опишуваат како клучна цел, факт е дека овие движења не се борат за контрола на Соединетите Држави, туку се борат за да го контролираат Исламот и исламските земји. Затоа е нереално да се предвиди кога ова ќе се реши.“

Според Кордесман еден од најголемите проблеми е што Запад верува дека неговите вредности се универзални и оти како такви ке се прифатат на Блискиот Исток во исламскиот свет а тој верува дека тоа нема така да се случи. Кордесман смета дека ќе има еволуција кон делење на вредностите. Тоа веројатно следи со повеќе плурализам и економска еднаквост.
XS
SM
MD
LG